Реал го враќа ретро стилот од пред 20 години: „Кралевите“ ги претставија дресовите за новата сезона (ВИДЕО)

Најтрофејниот светски клуб Реал Мадрид, кој сезонава ја освои 35-та шампионска титула во Ла Лига и на 28 мај ќе се бори за 14-та европска титула во Париз, денеска го промовираше дресот за следната сезона.

Ретро дресот е од пред 20 години, кога „кралевите“ ја освоија европската титула во Глазгов во 2002 година, а промоцијата е господска како што доликува на „кралскиот клуб“. Со Карим Бензема и Давид Алаба, ама и три легенди – Икер Касилјас, Роберто Карлос и Раул Гонзалез.

„Кралскиот клуб“ во новата сезона ќе слави 120 години од своето постоење.

 

 

Се вчитува...