Маестралниот „Александар Македонски“… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Палермо, Италија

Владимир Булатовиќ

Александар Трајковски го одигра веројатно еден од најдобрите свои натпревари последниве години во националниот дрес. И, дефинитивно не само поради постигнатиот маестрален погодок со кој Македонија го совлада европскиот шампион приредувајќи ја најголемата сензација во фудбалска Европа.

Но, „Александар Македонски“ и дефинитивно беше убедливо најдобриот поединец во црвениот дрес низ текот на сите 90 минути.

Без ниту еден загубен дуел со противничките фудбалери, единствен со максимална контрола на топката и во моментите кога добар дел од играчите од средниот ред беа „подзагубени“ на теренот и сето тоа заокружено со прекрасниот погодок во 92. минута…

„Сигурно мора да го издвоиме Аце Трајковски кој одигра еден одличен меч“ – истакна и селекторот Благоја Милевски на прес-конференцијата по мечот.

 

 

Се вчитува...