Магдебург го совлада ГОГ, Барселона славеше на гости кај Висла Плоцк

Ракометарите на Барселона славеа на гостувањето кај Висла Плоцк со 28-25, и така стигнаа до шестата победа во седмиот натпревар. Каталонците ја оправдаа фаворитската улога, а во текот на целиот меч беа во водство и имаа контрола на резултатот, и покрај тоа што највисоката предност во текот на мечот изнесуваше пет разлика, на средината на вториот дел.

Дика Мем беше незадржилв кај Барселона со седум гола, но „шоуто“ го украде Лучин кој постигна осум во редовите на Висла.

Убедлив триумф оствари Магдебург на домашен терен кај ГОГ. Германците дојдоа до победата во вториот дел, откако во првиот дел беше нерешено 16-16.

Дамгарт со седум и Саугструм и Смарасон со по шест гола беа најефикасни кај победничкито тим, додека Вернсдорф кај ГОГ со осум беше најефикасен на средбата.

Се вчитува...