Магдебург ја детронизираше Барса

Ракометарите на Магдебург ќе го предизвикаат Фуксе Берлин во финалето на фајнал-фор турнирот во Лигата на шампионите откако во трилер меч во полуфиналето славеа над Барселона со 30-31.

Каталонците подобро го отворија натпреварот и во еден период имаа и плус четири 16-12, но бундеслигашот до крајот на првиот дел успеа да се врати и на пауза да замине во егал 18-18.

Барселона и вториот дел го почна пододбро и поведе со 24-21, но Каталонците влегоа во криза, а во 46. минута Магдебург за првпат поведе 24-25. Проблемите да бидат уште поголеми се повреди и Дика Мем. Иако одличниот Французин не се врати во игра, Каталонците успеаја да ја искористат бројчаната предност на теренот па на осум минути до крај повторно да дојдат до плус два 29-27.

Магдебург искористи два напади во низа па во 55. минута повторно беше егал 29-29. Натпреварот влезе во неизвесна завршница во која Барселона поведе со 30-29, по што дури двајца ракометари добија црвен картон по што Хорнке израмни на 30-30. Истиот ракометар беше херој за германскиот тим откако го постигна погодокот вреден победа 30-31.

Во финалето тие ќе играат против Фуксе Берлин кој во првото полуфинале го декласираше Нант (34-24).

Oвој натпревар го судеа македонските арбитри Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Се вчитува...