Магдевски останува во МЗТ Скопје Аеродром и следните две сезони

Андреј Магдевски го продолжи договорот со аткуелниот македонскит кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром. Тој со клубот од „Јане Сандански“ се обврза на нов договор кој е со траење во следните две сезони. Магдевски минатата сезона пристигна во Аеродром, каде успеа да го освои домашното првенство, а играше и во финалето на купот каде МЗТ Скопје беше поразен од Работнички.

Претходно во кариерата беше дел од младинската школа на Реал Мадрид, а настапуваше и за српскиот великан Партизан, од каде се врати во Македонија каде ги бранеше боите на Фени Индустри и Гостивар. Во 2012 година доби привилегија да биде дел од кампот на Мајкл Џордан, прво во Лондон каде што беше меѓу најдобрите, а потоа и во американскиот град Шарлот.

Минатата сезона забележа 26 настапи во АБА 2 лигата каде просечно по натпревар бележеше 4,9 поени и по 2,7 скока и асистенции, а во домашното првенство настапи на 34 средби со просечен учинок од 8,8 поени и 3,7 асистенции.

Се вчитува...