„Магичната блокада“ на Харден во последните секунди – за полуфинале на Хјустон (ВИДЕО)

Хјустон во седмиот натпревар од првата плеј-оф рунда во НБА разигрувањето славеше против Оклахома со 104-102 и со 4-3 се пласираше во полуфиналето на Западната конференција, каде го очекува дуелот со ЛА Лејкерс.

Во уште еден драматичен натпревар победникот беше одлучен буквално во последните секунди, а клучна беше блокадата на Џејмс Харден над Лугенцо Дорт на три секунди пред крајот…

Роберт Ковингтон со 21 поен и 10 скока беше најефикасен кај Хјустон, а ист број поени запиша и е Ерик Гордон. Расел Вестбрук мечот го заврши со 20 постигнати поени. Дорт на спротивната страна постигна 30 поени, а Крис Пол имаше „трипл-дабл“ од 19 поени, 12 асистенции и 11 скока.

Се вчитува...