Магичната одбрана на Нојер со една рака (ВИДЕО)

Да не беше вечерва Мануел Нојер на голот на Баерн Минхен, тимот на Карло Анчелоти ќе доживееше многу поубедлив пораз (1-2) од Реал Мадрид. Тој во неколку обиди ги спречи противничките фудбалери да ја тресат неговата мрежа, но посебно магична беше интервенцијата при шутот на Кристијано Роналдо од непосредна близина. Нојер со неверојатен рефлекс и со една рака успеа да ја стопира топката која одеше кон голот. Сепак, ниту тој не е семоќен, па Кристијано Роналдо двапати го матираше на овој дуел…

Manuel Neuer Fantastic Reflex Save vs Cristiano… by tildaengh

Се вчитува...