Магичниот Лука Дончиќ: Почна да ги урива рекордите на Леброн, во очекување на Ол-стар статус (ВИДЕО)

Неверојатниот Лука Дончиќ стана само вториот тинејџер во историјата на НБА лигата која забележал два трипл-дабл ефекти во една сезона. Во поразот од Торонто, Словенецот за Далас постигна 35 поени, имаше и 12 скока и 10 асистенции што сепак не беше доволно да спречи нов неуспех на неговиот тим.

Со ова, Дончиќ станува најмладиот играч кој запишал трипл-дабл ефект со 30 постигнати поени и го урна од лидерската позиција Леброн Џејмс.

Сепак Дончиќ постојано го потврдува приматот во трката за дебитант на сезоната во најсилното кошаркарско натпреварување, а во пресрет на Ол-стар викендот е во очекување да биде избран од тренерите меѓу резервите од кои капитените на стартните петорки ќе избираат тимови за главното натпреварување.

Се вчитува...