Магија како во времето на Гвардиола: Совршена акција на Барселона која Меси ја „зачини“ со погодок (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона синоќа убедливо го победија Реал Сосиедад со 6-1 на гости. „Каталонците“ го одиграа убедливо најдобриот натпревар во сезоната и не потсетија на славните денови од времето кога Пеп Гвардиола беше тренер на овој тим.

Ова особено се однесува на шестиот гол во 89. минута, кога гостите одиграа неверојатна акција, а голот на крајот го постигна Лионел Меси.

Лео очигледно се враќа во препознатливата форма откако за нов претседател беше избран Жоан Лапорта, кој најави дека ќе понуди доживотен договор на Аргентинецот.

 

Се вчитува...