Карим Бензема е фудбалерот што го отвори резултатот на вечерашното Ел Класико, по големата мајсторија со која францускиот голгетер го надмудри Тер Штеген.
Се играше 14. минута кога Валверде одлично го проигра по десната страна Лукас Васкез, офанзивниот бек нафрли кон петерецот кон Бензема, каде Французинот со пета ја мести топката во мрежата, за својот 19. овосезонски погодок.
Раниот гол е најава за крајно возбудливо дерби меѓу вечните ривали во шпанскиот фудбал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА