Магија на Џеси Лингард во стилот на Лео Меси (видео)

Џеси Лингард е стрелец на најубавиот гол на денешните натпревари ширум фудбалска Европа откако асот на Вест Хем постигна фантастичен погодок на гостувањето против Вулверхемптон.

Лингард прими топка на сопствената половина, а потоа во стилот на Лео Меси тргна директно кон шеснаесетникот, се ослободи од ривалите и го матираше Руи Патрисио.

Погледнете ја мајсторијата на фудбалерот на Манчестер Јунајтед кој беше заборавен од Оле Гунар Солскјер, но во последните месеци блеска во дресот на чеканите“.

Се вчитува...