Магија на Кампацо – „низ ушите“ на Кузма до асистенција за три поени (ВИДЕО)

Денвер запиша убедлива победа против Лејкерс од 122-105 благодарение на новиот трипл-дабл на Никоа Јокиќ, а потегот на вечерта му припадна на бекот на составот од Колорадо, Факундо Кампацо, кој сеуште се прилагодува на НБА лигата каде оваа сезона пристигна од редовите на Реал Мадрид.

Аргентинецот на овој дуел потсети на најдобрите партии од Евролигата со „магичен потег“ кој го изненади Кајл Кузма, откако топката помина „низ неговите уши“, а за завршницата да биде уште поубава се погрижи неговиот соиграч кој погоди за три поени.

 

Се вчитува...