Магијата на Меси му пресуди на Атлетико Мадрид

Барселона го совлада Атлетико Мадрид на „Камп Ноу“ со 1-0 и го доби дерби – натпреварот кој веројатно беше и клучот за освојување на шампионската титула во Ла Лига оваа сезона. Сега каталонскиот гигант повторно има осум бода предност во однос на „јорганџиите“ и многу полесно ќе дише на врвот на табелата.

Лионел Меси повторно беше творец на триумфот на Барселона. Аргентинскиот генијалец изведе магија во 26.минута, погоди на фантастичен начин од слободен удар и донесе предност која тимот на Ернесто Валверде успеа да ја сочува до самиот крај на дербито.

Се вчитува...