Магијата на Словенецот не престанува: Дончиќ го сруши Џордан и запиша три нови НБА рекорди

Лука Дончиќ со нова брилијантна партија потврди дека е на добар пат да стане еден од најдобрите кошаркари на сите времиња. Во синоќешната победа на Далас над Голден Стејт од 141-121, за само 30 минути на паркетот Дончиќ постигна 31 поен, дополнети со 15 асистенции и 12 скока.

Лука за само половина час игра запиша „трипл-дабл“, веќе 17-ти негов, во НБА кариерата која трае само нешто повеќе од една година. На тој начин трипати се запиша во историјата на НБА.

Со оглед на тоа дека овој подвиг го направи со само 20 години, стана и најмлад играч кој во сезона имал повеќе од еден меч со 30 поени и 15 асистенции, и на тој начин го сруши рекордот на Мајкл Џордан од 1984/85. Мајкл Џордан тоа го направи со 21 година.

Покрај фасцинантната низа лични рекорди, Дончиќ запиша и еден клупски. Со пет тројки против Вориорс помогна Далас да запише 24 погодоци од далечина, што е најдобар ефект во историјата на франшизата.

Се вчитува...