Махмудов повторно стрелец, Дордрехт сепак поразен

Македонскиот интернационалец Денис Махмудов го постигна својот 14-ти гол сезонава во дресот на холандскиот второлигаш Дордрехт.

Дордрехт загуби, сепак, со 4-2 на гостувањето против вториот тим на ПСВ. Махмудов погоди во 63. минута за својот, за намалување во тие моменти на резултатот на 3-1.

Со 14 гола, Денис Махмудов е меѓу 15 најдобри стрелци во Втората лига на Холандија.

Тимот на Стефан Ашковски, Фортуна Ситард славеше со 0-1 на гостувањето против вториот тим на Утрехт на тој начин продолжувајќи ја трката за првото место на табелата, кое следната сезона води во холандската елита.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...