Махмудов со трансфер во Првата лига на Холандија: Од Дордрехт во Ексцелзиор!

Македонскиот интернационалец Денис Махмудов од следната сезона ќе игра во Првата лига на Холандија.

28-годишниот офанзивец по одличната сезона во холандскиот второлигаш Дордрехт, се договори за трансфер во прволигашот Ексцелзиор.

Махмудов потпиша двегодишен договор со тимот кој минатата сезона заврши на 11. место во Холандија. Претходно во својата кариера македонскиот фудбалер има настапи и за летонски Банантс, бугарскиот Левски Софија како и холандските Апелдорн и Телстар.

Се вчитува...