Махмудов стрелец за Дордрехт, 11-ти гол сезонава во Холандија

Македонскиот интернационалец Денис Махмудов го постигна својот 11-ти гол сезонава во дресот на холандскиот второлигаш Дордрехт.

Во 32. коло од Втората лига на Холандија, Дордрехт славеше со 1-3 на гостувањето против Емен, а Махмудов беше стрелец на првиот гол за својот тим уште во 10. минута од средбата. Во тимот на Дордрехт 90 минути на средбата одигра и Антонио Станков.

Во холандската Втора лига сезонава досега 12 погодоци има постигнато и Стефан Ашковски во дресот на Фортуна Ситард.

 

Се вчитува...