Махмути и Ивковиќ делеа лекции по кошарка на мак-тренерите (фотогалерија)

Малата сала од СЦ „Борис Трајковски“ беше центар на мак-баскетот изминатиот викенд, откако над стотина македонски тренери присуствуваа на семинарот „Лазар Лечиќ“, на кој специјални гости беа Душан Ивковиќ и Октај Махмути.

Поголемиот дел од програмата мина во предавања на српскиот Професор по кошарка, Ненад Труниќ, кој држеше предавања на најразлични теми.

Махмути одржа и мини-тренинг, додека Ивковиќ говореше за стратегијата што мора да се спроведе од страна на федерацијата, за кошарката повторно да стане спорт број 1 во државата.

Се вчитува...