Мајами го запре Адетокумбо, па лесно го победи Милвоки

Кошаркарите на Мајами хит ја завршија најтешката работа, најдоа начин да го неутрализираат Јанис Адетокумбо. Грчкиот ас беше лимитиран на само 13 поени, по што Мајами славеше против најдобриот тим во источната конференција со убедливи „плус шеснаесет“ (105-89). „Жешките“ станаа првиот тим што сезонава двапати успеал да го земе скалпот на Милвоки, пред се благодарение на Кроудер и Батлер, кои постигнаа по 18 поени, како и Горан Драгиќ, кој го заврши мечот со 15 постигнати поени.

Далас загуби уште еден натпревар од ривал што има под 50% успешност во лигата, откако „Дончиќ и компанија“ беа поразени во Чикаго со минимални 109-107. Порзингис и Кари не беа во тимот на овој меч, Хардавеј постигна 26, а Дончиќ 23 поени, но остатокот од тимот реализираше вкупно 58 поени.

Разочарувачки натпревар одигра и Хјустон, губејќи на гостувањето против Њујорк никс со 125-123. Ова беше прв триумф на Њујорк по доаѓањето на Леон Роуз на претседателската функција, а херој во победата беше Ар-Џеј Берет, постигнувајќи 27 поени, меѓу нив и нападот за победа на седум секунди до крајот. Џејмс Харден беше стрелец на 35, а Вестбрук 24 поени за „ракетите“.

Резултати НБА:

Кливленд – Јута 113-126, Њујорк – Хјустон 125-123, Орландо – Портланд 107-130, Атланта – Мемфис 88-127, Мајами – Милвоки 105-89, Чикаго – Далас 109-107, Сан Антонио – Индијана 111-116.

Се вчитува...