Мајами од линијата за слободни фрлања до 2-0 против Милвоки во полуфиналето на Истокот (ВИДЕО)

Кошаркарите на Мајами поведоа со 2-0 против Милвоки во полуфиналето на Источната конференција од НБА лигата откако славеа во вториот меч со 116-114.

Мајами имаше предност во поголемиот дел од натпреварот, па иако тесно, на крајот сосема заслужено стигнаа до победата. Во последниот напад, при 114-114, Џими Батлер ја презеде одговорноста, промаши но судиите одлучија дека имало прекршок од Адетукомбо, па Батлер од линијата за слободни фрлања ја донесе победата за својот тим.

Горан Драгиќ беше најефикасен во победничкиот тим со 23 поени, кај Милвоки ист број поени имаше Крис Мидлтон, а Јанис Адетукомбо беше најефикасен на теренот со 29 поени, дополнети и со 14 скока.

Се вчитува...