Мајами Опен: Елиминација на Мареј, Руд и Медведев сигурни

Поранешниот рекет број еден, Енди Мареј претрпе нова рана елиминација на еден турнир откако на вториот АТП мастерс 1000 турнир во сезоната кој се одржува во Мајами загуби со 2-1 (5-7, 7-5, 7-6(7-5)) од чешкиот тенисер Томас Мачхач.

За разлика од Британецот, фаворитската улога ја потврди Каспер Руд кој со 2-0 (6-3, 6-4) славеше над Алехандро Давидович Фокина за пласман во осминафиналето каде е и Данил Медведев по победата од 2-0 (7-5, 6-1) над Камерон Нори.

Изненадување приреди Германецот Доминик Кепфер кој со 2-1 (3-6, 6-4, 6-3) славеше против 15-то рангираниот Уго Хумберт и закажа осминафинален меч против Медведев.

Се вчитува...