Мајами подобар од Лејкерс во реприза на ланското финале во НБА (ВИДЕО)

Мајами Хит славеше на гостувањето кај Лос Анџелес Лејкерс со 94-96 во нивниот прв натпревар по ланската финална серија. Џими Батлер со 24 поени беше прво име во таборот на Хит, додека кај Лејкерс најпрецизен беше Кајл Кузма со 23 поени.

Во неизвесна завршница Голден Стејт Вориорс без услугите на Стеф Кари беше поразен на гостински терен од Шарлот Хорнетс со 102-100. Тери Розиер со 36 поени беше најефикасен кај победникот, додека кај поразените Кели Обре заврши со 25 поени.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда, Чикаго – Сакраменто 122-114, Мемфис – Феникс 97-128 и Портланд – Вашингтон 111-118.

Се вчитува...