Мајк Џејмс е успешно опериран – Го чека пауза од девет месеци!

Мајк Џејмс е успешно опериран. Американскиот плејмејкер имаше руптура на Ахиловата тетива и го чека долга пауза по операцијата што беше извршена денеска.

„Кошаркарот на Анадолу Ефес, Мајк Џејмс, беше опериран на Ахиловата тетива по повредата што ја заработи на вчерашниот натпревар против Црвена Звезд, од страна на вонредниот професор д-р Керем Улку. Докторот на Анадолу Ефес, Угур Диличиџик, објави дека, во зависност од текот на постоперативното закрепнување и рехабилитација, се очекува Џејмс да биде надвор од терените помеѓу седум и девет месеци“ – објави Ефес притоа дополнувајќи:

„Ова значи дека Ефес нема да може да смета на еден од најважните играчи во наредниот период, а неговото враќање на теренот ќе зависи од текот на неговата рехабилитација“.

Се вчитува...