Мајк Тајсон доаѓа во Белград, легендарниот боксер испратил посебни барања до домаќините

Легендарниот Мајк Тајсон ја прифатил поканата да биде гостин во Белград, како дел од обидот на организаторите на што подобар начин да го промовираат Светското првенство во бокс. Србија ќе биде домаќин на овој настан од 24. октомври до 4. ноември, а контроверзниот Тајсон ќе пристигне како специјален гостин и тоа на завршните денови на турнирот.

Според медиумите од Србија, Тајсон очекувано имал посебни барања од организаторот, а тоа меѓу другото вклучува и цел спрат од хотелот каде ќе биде сместен.

„Железниот Мајк“ побарал менито да биде базирано на јадења направени од месо од бизон, како и голем избор на цедени овошни сокови. Српската јавност пренесува дека во Белград ќе биде присутен и Рој Џонс, а организаторите се обидувале да го убедат на ваков потег и актерот Силвестер Сталоне.

Се вчитува...