Мајк Тајсон „полуде“ на авионски лет: Претепа момче, раскрвавувајќи му ја главата (ВИДЕО)

Боксерската легенда Мајк Тајсон е вплетка во инцидент на авионскиот лет од Сан Франциско за Флорида во САД.

Според сведоците на летот, 55-годишниот Тајсон бил одлично расположен фотографирајќи се со фановите и разговарајќи со нив, но еден посебно го испровоцирал доведувајќи го степен на „лудило“ па му одговорил со еден бокс кој му ја раскрварел главата.

Тајсон, наводно, во повеќе наврати му дофрлил на момчето да престане да му зборува на уво и постојано да му се префрла преку столчето. Но, момчето не реагирало на тоа, па Тајсон одлучил неколку пати да го удри во глава.

  • Нападот од Мајк Тајсон е на временскиот исечок 0:40…

На момчето, веднаш по инцидентот, му е пружена лекарска помош, а според информациите на американските медиуми веднаш по слетувањето се упатил кон полициска станица каде е пријавен инцидентот.

Инцидентот е пријавен и од авио-компанијата, но засега нема никаква реакција од Мајк Тајсон.

Се вчитува...