Мајката на Дончиќ: Вака не плачев кога се роди Лука

Лука Дончиќ продолжува со неверојатните партии во НБА лигата. Синоќа тој во неверојатен меч го водеше Далас Маверикс до победа над фаворизираните ЛА Клиперс и израмнување на 2-2 во четвртфиналната серија во Западната конференција. Мајката на Лука, Мирјам Потербин, по мечот на нејзиниот инстаграм налог објави „стори“ на кое напиша дека вака нема плачено, ниту кога го родила Лука.

Се вчитува...