Мајката на Дурант горда на својот син – Тој има срце на воин

Враќањето на терените на Кевин Дурант не помина најдобро, бидејќи успеа да издржи само една четвртина во петиот натпревар од финалната серија во НБА лигата. Дурант заработи повреда на ахиловата тетива, поради која ќе мора подолг период да паузира. Мајката на ѕвездата на „вориорси“ се огласи на твитер, по повредата на нејзиниот син.

„За сите кои се сомневате во мојот син како човек, кои се сомневате во неговото срце, неговиот интегритет, неговата љубов кон кошарката, вие не го знаете. Тој има срце на воин. Се ќе помине. Бог да ве благослови“, напиша Ванда Дурант.

Се вчитува...