Циркусот кој е во центарот на вниманието во последните денови, а во која главни актери се Кристијано Роналдо и Хорхе Жесус, предизвика бројни реакции во фудбалскиот свет. Сега се огласи и личноста за која португалската ѕвезда е најважна – неговата мајка Долорес Авеиро.
Во интервју за португалското списание „Диас“, таа не ја криеше својата тага за сè што се случи, а призна и дека настаните околу нејзиниот син многу ја погодиле. Долорес верува дека еден од најголемите фудбалери на сите времиња не е третиран онака како што заслужува. Нејзините зборови јасно покажуваат колку тешко ја доживува сегашната ситуација.
„Тажна сум, што е сосема нормално. Беше шок за сите нас“, рече мајката на португалскиот капитен, зборувајќи за настаните што предизвикаа големо внимание во јавноста.
Таа конкретно се осврна на начинот на кој нејзиниот син се најде во оваа ситуација, истакнувајќи дека неговото заминување можеше да изгледа сосема поинаку.
„Мојот син можеше да си оди на голема врата, но отиде на мала… Но не е важно, Бог ќе се погрижи за тоа“, рече Долорес Авеиро.
Нејзината порака привлече внимание токму поради начинот на кој ја опиша ситуацијата во која се најде Кристијано Роналдо. Очигледно е дека таа чувствува дека заслужува поинаков третман.
Мајката на португалската ѕвезда призна дека не можела да остане рамнодушна кон сè што се случувало и дека ронела солзи поради целата контроверзност. Како што откри, таа плачела, а причината е, меѓу другото, чувството дека нејзиниот син не се третира со доволно почит.
Долорес особено нагласи дека Роналдо со години имал посебно место во срцата на португалските навивачи, поради што и е тешко да види како се развива сегашната ситуација.
„Тој отсекогаш бил херој на Португалија. Тие не го ценат колку што треба“, рече таа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
