Мајкл Џордан делеше „заушки“ во Шарлот (видео)

Мајкл Џордан збесна пред самиот крај на дуелот меѓу Шарлот и Детроит, откако кошаркарот на Шарлот, Малик Монк, втрча во теренот да ги слави поените за победа на Ламб, не забележувајќи дека времето не е истечено. Судиите согласно правилата му покажаа техничка лична грешка на Монк, следеше едно слободно фрлање и изведување на топка од полето на Шарлот, но Детроит не го реализираше последниот напад и домаќините на крајот славеа со 108-107.

Монк се спаси од епитетот „трагичар“, но не можеше да се спаси и од Мајкл Џордан, кој не можеше да поверува што гледа, па му подели „воспитни заушки“ на својот кошаркар, како лекција таква глупост никогаш да не му се повтори.

 

Се вчитува...