Мајкл Џордан со свој тим во НАСКАР: Ова е борба за расна еднаквост

Мајкл Џордан води свои битки во војната за расна еднаквост во САД, откако прославениот кошаркар реши да инвестира во спорт кој досега важел за „недопирлив“ за Афроамериканците. Тој е поготвен да формира свој тим во НАСКАР-автомобилизмот, со што би бил единствен црномурест сопственик на екипа во овој спорт во новата сезона.

Џордан за партнер во бизнисот ќе го им Дени Хамлин, а според најавите нивни возач ќе биде Баба Волас, кој воедно би станал првиот афроамерикански возач во елитното друштво на НАСКАР.

„Историски гледано, НАСКАР имаше сериозни проблеми со различноста и низ годините имаше мал број на афроамерикански сопственици на тимови. Тајмингот делува перфектно, бидејќи НАСКАР еволуира и се повеќе и повеќе ги прифаќа друштвените промени“, изјави Мајкл Џордан.

Се вчитува...