Мајнц пукна петарда против Хамбургер

Мајнц одигра одлично на гостувањето кај Хамбургер во рамките од второто коло во Бундеслигата и како гостин славеше со 5:0.

Гостите уште во првото полувреме ја најавија убедливата победа. Шералдо Бекер го отвори резултатот во 19-та минута, а пред паузата Филип Мвене зголеми на 2:0.

Домашните фудбалери во вториот дел се обидоа да се вратат во натпреварот, но наместо тоа им се случи распад на играта и резултатски потоп. По само три минути игра во вториот дел, Филип Тиц ја затресе мрежата за 3:0.

Тиц беше прецизен и во 83-та минута, а петардата ја потврди Кенигсдерефер, кој погоди во судиското продолжение за конечни 0:5.

Хамбургер има очаен старт на сезоната, по две кола, тимот е без бодови и без постигнат гол, со гол-разлика 0:7.  На спротивната страна, по ремито во првото коло, Мајнц сега има четири бода.

Во следното коло Мајнц ќе го пречека Ајнтрахт Франкфурт, додека Хамбургер го очекува тешко гостување кај Лајпциг.

 

Се вчитува...