Мајстории на Србите, „петарда“ против Боливија за пат кон Русија… (ВИДЕО)

Фудбалерите на Србија одиграа одличен натпревар во „генералката“ пред патот на СП во Русија славејќи со убедливи 5-1 против Боливија.

Избраниците на Младен Крстајиќ одиграа меч со неколку убави погодоци, најавувајќи ја победата уште во 4. минута со голот на Митровиќ…

Потоа, Љајиќ во 19. минута зголеми на 2-0, а до полувремето погодија повторно Митровиќ во 23. минута и Ивановиќ во 42. минута за 4-0…

Во вториот дел најпрво Боливија намали со голот на Кампос во 48. минута, но Митровиќ запишувајќи хет-трик со прекрасен погодок во 68. минута, со шут од околу 20 метри, заокружи на 5-1.

Се вчитува...