Мајсторија на Инсиње за триумф на Наполи, осум минути за Елмас на дербито со Рома (ВИДЕО)

Наполи триумфираше со 2-1 против Рома во дербито од 30. коло на Серија А, на тој начин добивајќи предност во однос на Милан во битката за позициите кои носат во Лигата на Европа следната сезона.

„Наполитанците“ до победата дојдоа со прекрасниот погодок на Инсиње во 82. минута од средбата.

 

Претходно домашните поведоа преку Каљехон во 55. минута, а Мкхитаријан израмни за Рома во 60. минута.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ги одигра последните осум минути од средбата вклучувајќи го и судиското продолжение, влегувајќи во игра на местото на Фабијан Руиз во 86. минута.

Се вчитува...