Мајсторија на Велкоски за триумф на Сараево… (ВИДЕО)

Македонскиот напаѓач Крсте Велкоски е најзаслужниот за победата на Сараево од 1-0 против Крупа во шампионатот на БиХ.

Велкоски единствениот гол на мечот го постигна во првата минута од судиското продолжение на крајот од првото полувреме со извонреден шут по проигрувањето од Халиловиќ…

Сарајево по оваа победа сега има 43 бода, на четвртата позиција во плеј-оф разигрувањето за шампионската титула во БиХ.

Се вчитува...