„Мајсторијата“ на Коларов ја одбележа убедливата победа на Рома над Фиорентина (ВИДЕО)

Рома ја совлада Фиорентина на гостински терен со 1-4 во премиерниот натпревар од 17. коло во италијанската Серија А.

„Волчицата“ поведе со 0-1 со голот на Един Џеко во 19. минута, а само две минути подоцна Коларов со нова велемајсторија од слободен удар ја удвои предноста на гостите. До крајот на полувремето домаќините преку Бадељ успеаја да намалат на 1-2.

Во второто полувреме Пелегрини во 73. минута повторно донесе предност од два гола за Рома (1-3), додека конечните 1-4 ги постави Заниоло во 88. минута.

Рома се зациментира на четвртата позиција со 35 бода и само еден помалку од градскиот ривал Лацио кој е третопласиран, додека Фиорентина останува четиринаесетта со 17 освоени бода.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...