МАЈСТОРИШТЕ: Пандев влезе и даде еврогол против Верона

Горан Пандев уште еднаш ја покажа својата класа на италијанската фудбалска сцена, постигнувајќи фантастичен погодок за триумф на Џенова над Верона од 3-1.

Македонецот влезе во игра во 81. минута, а во судиското продолжение блесна во своето препознатливо светло, прифати топка на триесетина метри од противничкиот гол, се приближи до шеснаесетникот, а потоа со феноменален лоб го „измери“ гостинскиот голман.

Ова го можат само големите мајстори на фудбалската игра.

Се вчитува...