Мајсторската асистенција на голманот Шишковски во македонскиот дуел на Кипар (ВИДЕО)

Првото коло од кипарското првенство го донесе и македонскиот дуел каде на едната страна од теренот застанаа Тричковски и Спировски за АЕК Ларнака, а на спротивната Шишковски и Трајчевски за Докса, а мечот заврши со 1-1

Она што беше интересно е тоа што двајца Македонци го одбележаа мечот, а тоа се Иван Тричковски кој донесе предност за АЕК Ларнака во 26. минута, додека Дамјан Шишковски со екстра асистенција придонесе неговиот тим да дојде до изедначување.

Имено, во 48. минута од второто полувреме, македонскиот голман ја нафрли топката од речиси својот шестнаесетник, а истата падна пред нозете на Садик кој не пропушти да ја искористи шансата и го постави конечниот резултат.

Се вчитува...