Барселона и Реал Мадрид одиграа незаборавен натпревар на своите тимови на ветерани во Бејрут, а сите приходи од оваа средба се наменети за хуманитарни цели. На крајот славеа каталонците со 3-2 (два гола на Жули еден на Симао), но во главна улога беше Роналдињо. Бразилскиот ас доминираше на теренот, потсетувајќи на своите најдобри денови, а најдобар доказ за тоа е оваа фантастична асистенцијa „без гледање“ до Лудовик Жули.
Еднаш мајстор, секогаш мајстор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА