Енис Барди продолжува со одличните настапи во дресот на Коњаспор, помагајќи му на својот тим да земе уште еден скалп, овојпат на неговиот поранешен клуб Трабзон (2-1).
Трабзон имаше можност со победа вечерва да го прескокне Фенербахче на второто место, но Барди и соиграчите не дозволија такво нешто, со уште една одлична партија стигнувајќи до четвртата победа во последните пет суперлигашки рунди.
Барди одигра уште еден добар меч, воедно и имаше мајсторска асистенција при голот на Беркан Кутлу за 2-0.
Прекрасната асистенција на македонскиот капитен на дуелот Коњаспор – Трабзон можете да ја погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
