Мајсторски соло-продор и погодок за Новевски во триумфот на Војводина (ВИДЕО)

Извонреден соло-продор и погодок за младинскиот репрезентативец Владан Новевски во триумфот на Војводина од 2-0 против Напредак во 31. коло од плеј-оф разигрувањето во Суперлигата на Србија.

Квалитетното издание на натпреварот, 19-годишниот Новевски го заокружи на најдобар можен начин со беспрекорната соло-акција заокружена со гол во 90. минута за запечатување на триумфот на Војводина.

Новевски партиципираше со гол во повеќе од важна победа за новосаѓаните во разигрувањето со која остануваат во трката за европски излез сезонава.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...