Макаби Хаифа одолеа на гостувањето кај Гент и избори пласман во осминафиналето во КЛ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Макаби Хаифа се пласираа во осминафиналето на Конференциската лига откако успеаја да ја задржат предноста од (2-1) од првиот меч и вечерва да одиграат 1-1 на гостувањето кај белгискиот Гент.

Гостите до предност од 0-1 стигнаа со погодокот на Перот уште во 4. минута од натпреварот. Домаќините во 69. минута израмнија на 1-1 преку Тисо, а до крајот иако од 71. минута имаа играч повеќе поради црвениот картон на Сундгрен не успеаја да стигнат до погодок кој ќе го одведе мечот во продолженија.

Daniel Sundgren (Maccabi Haifa) second yellow card against Gent 72′
byu/etclassico insoccer

Се вчитува...