Макаби не жали пари за Теодосиќ

Милош Теодосиќ го пропушти вториот дел од сезоната откако му беше раскинат договорот со ЛА Клиперс, а српскиот плејмејкер целосно се насочи кон подготовки за настапот за репрезентацијата на СП во Кина. Во меѓувреме на негова адреса пристигнуваат бројни понуди, а најбогата барем досега е онаа од Макаби.

Израелскиот гигант подготви три милиони евра за двогодишна соработка, сума што сигурно ќе го натера српскиот кошаркарски волшебник сериозно да размисли за преселба во Тел Авив.

„Точно е, преговараме со Теодосиќ. Јасно ни е дека за да донесеме играч со толкави квалитети ќе мораме да вложиме сериозни пари“ – изјави тренерот на Макаби, Јанис Сферопулос.

Теодосиќ претходно ја одби понудата на Виртус Болоња, а се уште размислува за онаа на Олимпијакос, во висина од 2,3 милиони евра за двогодишна соработка.

Се вчитува...