Макаби Тел Авив се засили со кошаркар со НБА реноме

Американскиот кошаркар Китон Валас е нов играч на Макаби Тел Авив. Валас, кој претходните две сезони настапуваше за Атланта Хокс, потпиша двегодишен договор со „гордоста на Израел“.

За времетраењето на договорот, тој ќе заработи 2,5 милиони евра. Тој ќе ја дели минутажата на теренот со својот сонародник Џими Кларк, кој минатата сезона имаше просек од 9,5 поени, 1,8 скока, 4,3 асистенции и 1,3 украдени топки по натпревар.

Пред да влезе во НБА, Валас играше за Универзитетот во Тексас, од 2021 до 2024 година настапуваше во „Џи-лигата“ за развојните тимови на Клиперс и Хокс, а претходните две сезони беше дел од главниот состав на тимот од Џорџија.

Минатата сезона, тој имаше просек од 4,2 поени, 1,3 скока и 2,1 асистенција по натпревар, играјќи во просек по 12,3 минути.

Се вчитува...