Македонецот Дитмир Хоџа со трансфер во Лидс Јунајтед!

Еден од најголемите таленти на македонскиот фудбал, Дитмир Хоџа, од денеска и официјално е нов член на англискиот клуб Лидс Јунајтед.

Хоџа успешно ги помина деталните лекарски прегледи во Англија и стави потпис на четиригодишен договор со клубот. Младиот фудбалер првично ќе ги брани боите на тимот на Лидс за играчи до 21 година. Сепак, тој веднаш ќе добие шанса со напорна работа да се наметне и кај менаџерот Даниел Фарке во првиот, сениорски тим.

Хоџа кариерата ја почна во Воска спорт, а покрај за тимот од Охрид во Македонија ги бранеше и боите на Струга ТЛ и на Работнички од каде премина во англискиот премиерлигаш.

Се вчитува...