Македонецот е веќе миленик во Јокохама: Скандирање за Бабунски од 40.000 навивачи на „Нисан стадионот“

Давид Бабунски уште со првиот свој настап на стартот од новата сезона во јапонската Суперлига успеа да ги освои срцата на навивачите на Јокохама Маринос.

На отварањето на новата сезона Јокохама дојде до победа од 3-2 против Урава, а стрелец на првиот гол за Јокохама беше токму Бабунски и тоа со прекрасен шут од околу 20 метри…

Сето тоа значеше еуфорија на „Нисан стадионот“ во Јокохама и овации за Бабунски од 40.000 навивачи на еден од најдобрите јапонски клубови.

Бабунски е веќе миленик на најверните навивачи на Јокохама која оваа сезона е со амбиции за битка и за водечките позиции во шампионатот.

[new_royalslider id=”514″]

Се вчитува...