Српскиот гигант Црвена звезда објави дека младиот играч од средниот ред, Матеј Гаштаров, го продолжи договорот со српскиот шампион до 2029 година.
Матеј Гаштаров е роден на 15 ноември 2006 година во Скопје. Својот фудбалски пат го започна во младинските категории на Вардар, а во август 2024 година пристигна на „Маракана“. Во текот на сезоната 2024/25 беше еден од најстандардните фудбалери во младинската екипа на Црвена звезда, која сезоната ја круниса со освојување на шампионската титула.
„По одличните настапи во младинскиот тим и стекнатото сениорско искуство како позајмен играч во Борaц од Чачак, младиот играч од средниот ред ги мина целосните подготовки со првиот тим на црвено-белите, при што успеа да се наметне кај стручниот штаб.
Гаштаров настапува на позицијата дефанзивен играч од средниот ред, а го красат квалитетен удар од далечина, голем радиус на движење, прецизен пас, одличен преглед на играта и изразена борбеност на теренот“, стои во објавата на Црвена Звезда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
