Натурализираниот македонски кошаркарски репрезентативец Итан Хап доби отказ од евролигашот Валенсија. Овој потег е очекуван со оглед на тоа што оваа сезона воопшто не забележа настап за овој тим, а во минатата сезона одигра вкупно 33 минути на пет различни натпревари.
Хап заминува од Валенсија, но останува во Шпанија и кариерата ќе ја продолжи во Бургос со кој веќе тренира одредено време.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

