Македонецот Николов во тимот на сите времиња на Ајнтрахт (ΦΟΤΟ)

Поранешниот голман Ока Николов, се најде во тимот на сите времиња на Ајнтрахт Франкфурт. Николов, кој има и настапи за македонскиот национален тим, беше дел од Ајнтрахт од 1991 до 2013 година, пред да замине во САД. Забележа преку 400 настапи за тимот од Франкфурт.

Тој е во друштво со познати имиња кои некогаш го носеле дресот на Ајнтрахт во минатото како што се Грабовски, Кербел, Емер, Нојбергер…

Во Ајнтрахт со него играше и сегашниот тренер на Академија Пандев, Александар Васоски, кој беше дел од тимот од 2005 до 2011 година.

Ока Николов во моментов работи како асистент во Филаделфија Унион.

Се вчитува...