Македонецот Стефан Младеновски ја напушта Црвена Звезда

Еден млад Македонец помалку во Црвена Звезда. Младиот 19-годишен напаѓач Стефан Младеновски го напушта клубот после четири години минати во славниот белградски клуб.

Младеновски во 2022 година стигна во тимот од „Маракана“, и на почетокот имаше одлични партии. Тој играше за помладите селекции на „црвено-белите“, а особено одлични партии пружи во кадетскиот тим.

Главниот проблем беше откако требаше да игра за младинци, па така беше испратен како позајмен во Графичар, но не успеа да се наметне.

На Младеновски му истече договорот, и истиот не му беше продолжен по што следната сезона ќе може да си побара нов клуб. Тој потекнува од младинската школа на Вардар, а потоа заминува во Србија.

Се вчитува...