Новопечениот македонски репрезентативец, Ти-Џеј Шортс, играше во извонредна форма во дресот на Телеком Бон на европската сцена, за што заслужено се закити со признанието за МВП во Лигата на Шампионите на ФИБА за месец декември.
Телеком Бон забележа две победи во месец декември, меѓу нив и онаа на жешкиот терен во Турција против Каршијака од 80-89, во којa Шортс беше фантастичен, со 26 поени, девет асистенции и три украдени топки.
Севкупно гледано, Шортс има просек од 24,2 поени во Лиата на Шампионите, со 52,4% успешност во шутот за тројка и 6,7 асистенции по натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА